fbpx

Хиперион – Двособен апартман со балкон

3
1брачен; 1поединечен;
60
  • ROOFTOP тераса
  • Балкон
  • Бесплатен интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Инвертер клима
  • Кабелска телевизија
  • Опремена кујна
  • Сетови пешкири
  • Средства за лична хигиена
  • Фен за коса

РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА ОВОЈ АПАРТМАН МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ЗА МИНИМУМ 2 ПОВРЗАНИ НОЌЕВАЊА

Апартманот Хиперион е двособен апартман на првиот кат со:
– спална соба со еден брачен и еден поединечен кревет;
– широка дневна соба со Г-гарнитура и трпезариски простор;
– целосно опремена кујна, прилагодена за готвење;
– приватен балкон со надворешни маса и столици;
– едно купатило со туш-кабина и обезбедени основни средства за лична хигиена;
– слободен пристап до прекрасната rooftop тераса.

Апартманот има модерен карактер и е идеален за тричлени семејства или семејства со мали деца. Ова е еден од најдобрите избори при подолг престој, бидејќи овој апартман нуди се што им е потребно на гостите за да се чувствуваат како во свој дом и многупати се покажал заслужен за највисоките оцени и коментари со бројни суперлативи од своите претходни гости.

Идеалниот капацитет е 2 до 3 лица, но при престој од само неколку ноќевања, апартманот може да се резервира и за 4 или 5 лица – при што за спиење се користи и гарнитурата на спуштање во дневната соба.

Апартманот има инвертер клими и во дневната и во спалната соба, кои брзо и ефикасно го загреваат или ладат просторот.
Нашите идни гости, кои сакаат да направат резервација, препорачуваме најпрво да ги разгледаат сите информации за КУЌНИОТ РЕД.

Едноставната, но прекрасна SKY Rooftop тераса е отворена за сите гости на апартманите, сосема бесплатно. Од таму Струмица наликува на прекрасна панорамска разгледница. Понесете го вашето утринско кафе со себе и упатете се на последниот кат – таму ве очекува мало место од каде во изгрејсонцето најубаво се ужива.

Повеќе слики од терасата може да пронајдете во нашата галерија.

Што е вклучено во цената?

SKY Апартманите се приватен сместувачки капацитет (куќа) и како таков во своите цени ВКЛУЧУВА:
– престој според договорениот број на гости и ноќевања;
– сите трошоци за интернет, електрична енергија и слично (од гостите нема да бидат побарани никакви дополнителни плаќања за туристички такси, користења на клима или слично);
– се што е оставено во апартманот за гостите да се послужат ВО ТЕКОТ на својот престој (на пример: овошје, освежителни пијалоци, средства за хигиена, сетови од пешкири, средства и алатки за чистење и слично);
– замена на пешкири и постелнина (но, само онака како што е наведено во КУЌНИОТ РЕД).
Во цените НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– оброци (доучек, ручек, вечера);
– чистење на апартманот додека трае престојот на гостите (како во хотелите);
– користење на машина за перење и сушење алишта.
*** По желба на гостите услугите за чистење на апартманот или перење на алишта може да бидат вклучени во цената на нивната резервација, според условите и доплатите кои се наведени во КУЌНИОТ РЕД.   

Како се прави резервација?

За резервации или одговори на вашите дополнителни прашања, достапни сме на телефонскиот број: 00389(0)78/605-839 (Viber/WhatsApp), како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Потребно е да ни го наведете посакуваниот период на престој и бројот на гости, а ние на пораките од нашите гости се трудиме да одговараме час побрзо, испраќајки понуди со вкупни цени и конкретни апартмани кои се слободни на посакуваните датуми.

Со што се опремени апартманите?

Покрај тоа што јасно е прикажано на сликите, апартманите се опремени со сетови од пешкири за секој гостин, како и постелнина, основни средства за лична хигиена, фен за коса и слично.
Дополнително, во секој апартман има кафе, чај, шеќер, а САМО во апартманите со целосно опремени кујни има и разновиден прибор за јадење и готвење, како и одредени основни намирници (масло за готвење, оцет, сол, црн пипер и слично).
При резервации од повеќе ноќевања, гостите во апартманите можат да пронајдат и правосмукалка, џогер, средства за чистење и слично.
Во апартманите нема пегла за алишта, но на барање на гостите истата ја обезбедуваме, се разбира без доплата.

Дали е потребен депозит за резервацијата?

Најчесто резервациите ги правиме без депозит. Но, во екот на летната сезона (од средината на јуни до почетокот на октомври) или за време на празници и актуелни датуми во градот (карневал, фестивал, спортски турнири, продолжени викенди, државни празници) го запазуваме правото да ги осигураме направените резервации со претходно уплатен депозит кој најчесто изнесува 50% од вкупната цена на резервацијата.

Дали апартманите се лесно пристапни за лица кои имаат потешкотии со искачување скалила?

За жал, апартманите немаат лифт и до СИТЕ нив се доаѓа исклучиво со искачување на одреден број скалила. Гостите кои имаат проблем со искачување на поголем број на скалила, препорачуваме да ги земат предвид само апартманите на првиот кат, самостојно проценувајќи дали тоа би претставувало прифатливо решение за нив.

Дали во апартманите може да се организира роденден или друг вид забава?

Конкретно, кратко, јасно: НЕ. Ве молиме пријатели – доколку имате направено резервација со таква цел, навремено откажете ја! Галама во апартманите која го попречува куќниот ред и мир, ќе резултира со прекин на престојот, без рефундирање на уплатените средства.

Дали има паркинг?

Паркингот не е во наша приватна сопственост, според тоа не сме во можност да им дадеме 100% гаранција на гостите дека секогаш ќе имаат слободно паркинг место пред самиот влез. Но, паркирањето долж улицата е слободно и бесплатно – при што гостите се замолуваат, како совесни возачи, СЕКОГАШ да ги почитуваат ознаките кои нашите соседи ги имаат поставено на своите гаражи.

Како се врши плаќањето?

Плаќањето на ВКУПНАТА цена на резервацијата се врши пред почетокот на престојот. Според тоа, гостите може да ја направат уплатата во кеш, при нивното пристигнување и сместување во апартманот или пак со приложување на доказ за извршена банкарска трансакција.

Во колку часот може да се направи check in и check out?

Времето за пријавување во апартманите е од 14:30 до 20:30 часот. Освен за апартманот КОСМОС, каде времето за пријавување е од 16:30 до 21:30 часот.
Времето за одјавување кај сите апартмани е најкасно до 11:30 часот. Освен за апартманот КОСМОС, каде времето за одјавување е најкасно до 13:30 часот.
Отстапување од овие временски рамки е можно исклучиво кога тоа е однапред договорено со гостите (во главно за гостите кои патуваат од други земји и пристигнуваат касно навечер).

Детали за апартманот

  • Идеален за: 3
  • Големина на апартманот: 60 m²
  • Кревет: 1брачен; 1поединечен;
  • Тип на апартман
/ По ноќевање

Апартмани и Студија

Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-4 гости
2
1 брачен; 1 гарнитура
50
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-5 гости
3
1 брачен; 1 поединечен; 1 гарнитура
45
Идеално сместување за вашето романтично патување во Струмица
2
1 брачен
30
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-4 гости
2
1 брачен; 1 гарнитура
50
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-5 гости
3
1 брачен; 1 поединечен; 1 гарнитура
45
Идеално сместување за вашето романтично патување во Струмица
2
1 брачен
30
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-4 гости
2
1 брачен; 1 гарнитура
50
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-5 гости
3
1 брачен; 1 поединечен; 1 гарнитура
45
Идеално сместување за вашето романтично патување во Струмица
2
1 брачен
30
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-4 гости
2
1 брачен; 1 гарнитура
50
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-5 гости
3
1 брачен; 1 поединечен; 1 гарнитура
45
Идеално сместување за вашето романтично патување во Струмица
2
1 брачен
30