- Blu-ray
- ROOFTOP тераса
- Бесплатен интернет
- Бесплатен паркинг
- Инвертер клима
- Кабелска телевизија
- Мини бар
- Папучи
- Сетови пешкири
- Средства за лична хигиена
- Туш-кабина
- Фен за коса
- Џакузи
Вистината е дека овој SKY апартман е единствениот кој не е создаден да биде практичен и удобен, туку е дизајниран да му пркоси на досадното, рутинското и веќе виденото со својата впечатлива и несекојдневна внатрешност. Секој квадратен метар во овој простор е во функција на угодување на сетилата.
Деталите кои го прават овој апартман многу повеќе од само сместување се:
– приватна џакузи бања со капацитет за 2 лица, секогаш свежо подготвено со пенлива топла вода и ароматични масла непосредно пред пристигнувањето на гостите;
– опремена кујна со елементи кои доликуваат на стилот кој преовладува (прилагодена за приготвување пијалоци, ладни оброци и слично);
– романтичен трпезариски простор за двајца, покрај големите прозорци;
– ТВ, Blu-Ray Player, домашен аудио систем, квалитетен WiFi интернет и “old school” видеотека со бројни разновидни филмови;
– модерна бања со туш-кабина и други елементи, со обезбедени средства за лична хигиена;
– висококвалитетни сетови од пешкири и бањарка за секој гостин;
– кревет, ко облак, со убедливо најсовршениот душек (со поддушек и надушек), кој треба да биде стандард и поим за луксузното сместување;
– и уште нешто… пристап до панорамската SKY тераса, од каде целата Струмица се гледа во еден здив.
Гостите се пречекуваат со флаша вино, свежо овошје, освежителни пијалоци, топли напитоци и друго, кои не се доплаќаат над цената на резервацијата – туку се начин да им се посака искрено и топло добредојде!
Едноставната, но прекрасна SKY Rooftop тераса е отворена за сите гости на апартманите, сосема бесплатно. Од таму Струмица наликува на прекрасна панорамска разгледница. Понесете го вашето утринско кафе со себе и упатете се на последниот кат – таму ве очекува мало место од каде во изгрејсонцето најубаво се ужива.
Повеќе слики од терасата може да пронајдете во нашата галерија.
Што е вклучено во цената?
SKY Апартманите се приватен сместувачки капацитет (куќа) и како таков во своите цени ВКЛУЧУВА:
– престој според договорениот број на гости и ноќевања;
– сите трошоци за интернет, електрична енергија и слично (од гостите нема да бидат побарани никакви дополнителни плаќања за туристички такси, користења на клима или слично);
– се што е оставено во апартманот за гостите да се послужат ВО ТЕКОТ на својот престој (на пример: овошје, освежителни пијалоци, средства за хигиена, сетови од пешкири, бањарки и слично);
– замена на пешкири и постелнина (но, само онака како што е наведено во КУЌНИОТ РЕД).
Во цените НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– оброци (доучек, ручек, вечера);
– чистење на апартманот додека трае престојот на гостите (како во хотелите);
– користење на машина за перење и сушење алишта.
*** По желба на гостите услугите за чистење на апартманот или перење на алишта може да бидат вклучени во цената на нивната резервација, според условите и доплатите кои се наведени во КУЌНИОТ РЕД.
Каков е процесот за декорирање на апартманот за посебна прилика?
Доколку имате направено резервација, обележувате посебен повод и сакате апартманот специјално да се декорира за вашето „изненадување“ – имате две опции:
опција 1: можете украсувањето да ни го препуштите нам (секако во консултација со вас);
опција 2: да го направите самите или да ангажирате трето лице кое ќе се погрижи за тоа.
При првата опција, ние ќе се погрижиме за реализацијата на идејата од А до Ш, па кога ќе пристигнете во апартманот се (од музиката, до светлата и балоните) ќе биде подготвено онака како што е прикажано на сликите објавени на нашите Instagram и Facebook профили. Одговорноста за начинот на украсувањето, чистењето и раскревањето се наши (по направениот check out, освен ако не е однапред поинаку договорено). Притоа мора да нагласиме дека не сме професионалци, но се трудиме да внимаваме на сите детали и во секоја декорација да внесуваме уникатни елементи.
При втората опција, вие ја сносите целата одговорност за инвентарот во апартманот, начинот на украсување, чистењето и раскревањето. Доколку е однапред договорено може да се наплати дополнителна такса за чистење на апартманот по направениот check out. Претходно најавеното трето лице кое е ангажирано од ваша страна, може слободно да влезе во апартманот со ваша придружба и одкако ќе направите check in. ВАЖНО: поучени од претходни искуства, овде мора да нагласиме дека лепење на декорации врз ѕидовите не е дозволено и може да резултира со наплаќање на пенали.
Како се прави резервација?
За резервации или одговори на вашите дополнителни прашања, достапни сме на телефонскиот број: 00389(0)78/605-839 (Viber/WhatsApp), како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Потребно е да ни го наведете посакуваниот период на престој и бројот на гости, а ние на пораките од нашите гости се трудиме да одговараме час побрзо, испраќајки понуди со вкупни цени и конкретни апартмани кои се слободни на посакуваните датуми.
Со што се опремени апартманите?
Покрај тоа што јасно е прикажано на сликите, апартманот Космос е опремен со сетови од пешкири за секој гостин, бањарки, папучи, основни средства за лична хигиена, морска сол и пенлива купка за бањата, фен за коса и слично.
Дополнително, во склоп на кујната има има свежо овошје, кафе, чај, освежителни пијалоци, блендер, електричен бокал за вода, електрично гезве за кафе, чаши за различни пијалоци, садови и прибор за јадење и слично.
Просторот за дневен престој е опремен со ТВ, Blu Ray Player, видеотека со филмови, како и квалитетно озвучување за посебно доживување.
При резервации од повеќе ноќевања, гостите во апартманите можат да пронајдат и правосмукалка, џогер, средства за чистење и слично.
Во апартманите нема пегла за алишта, но на барање на гостите истата ја обезбедуваме, се разбира без доплата.
Дали е потребен депозит за резервацијата?
Најчесто резервациите ги правиме без депозит. Но, во екот на летната сезона (од средината на јуни до почетокот на октомври) или за време на празници и актуелни датуми во градот (карневал, фестивал, спортски турнири, продолжени викенди, државни празници) го запазуваме правото да ги осигураме направените резервации со претходно уплатен депозит кој најчесто изнесува 50% од вкупната цена на резервацијата.
Дали апартманот е лесно пристапен за лица со попреченост?
За жал, апартманите немаат лифт и до СИТЕ нив се доаѓа исклучиво со искачување на одреден број скалила. Особено апартманот Космос е целосно неприлагоден за лица со попреченост, заради големиот број скалила, како и самата поставеност на просторот.
Дали во апартманот може да се организира забава?
Конкретно, кратко, јасно: НЕ. Ве молиме пријатели – доколку имате направено резервација со таква цел, навремено откажете ја! Галама во апартманите која го попречува куќниот ред и мир, ќе резултира со прекин на престојот, без рефундирање на уплатените средства.
Од сесрце се добредојдени гостите кои обележуваат свој посебен датум, но со запазување на сите правила од КУЌНИОТ РЕД.
Дали има паркинг?
Паркингот не е во наша приватна сопственост, според тоа не сме во можност да им дадеме 100% гаранција на гостите дека секогаш ќе имаат слободно паркинг место пред самиот влез. Но, паркирањето долж улицата е слободно и бесплатно – при што гостите се замолуваат, како совесни возачи, СЕКОГАШ да ги почитуваат ознаките кои нашите соседи ги имаат поставено на своите гаражи.
Како се врши плаќањето?
Плаќањето на ВКУПНАТА цена на резервацијата се врши пред почетокот на престојот. Според тоа, гостите може да ја направат уплатата во кеш, при нивното пристигнување и сместување во апартманот или пак со приложување на доказ за извршена банкарска трансакција.
Во колку часот може да се направи check in / check out?
Времето за пријавување во апартманот КОСМОС е од 16:30 до 21:30 часот.
Времето за одјавување е најкасно до 13:30 часот.
Отстапување од овие временски рамки е можно исклучиво кога тоа е однапред договорено со гостите (во главно за гостите кои патуваат од други земји и пристигнуваат касно навечер).
Не заборавајте навремено да не известите за точното време на вашето пристигнување, бидејќи апартманите немаат рецепција како кај хотелите.