fbpx

Елара – Двособен апартман со балкон

2
1 брачен; 1 гарнитура
50
  • ROOFTOP тераса
  • Балкон
  • Бесплатен интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Инвертер клима
  • Кабелска телевизија
  • Нема лифт
  • Опремена кујна
  • Сетови пешкири
  • Средства за лична хигиена
  • Туш-кабина
  • Фен за коса

РЕЗЕРВАЦИЈА ЗА ОВОЈ АПАРТМАН МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ЗА МИНИМУМ 3 ПОВРЗАНИ НОЌЕВАЊА

Апартманот Елара е двособен апартман на вториот кат со:
– спална соба со еден брачен кревет;
– комфорна дневна соба со Г-гарнитура и трпезариски простор;
– целосно опремена кујна, прилагодена за готвење;
– приватен балкон со надворешни маса и столови;
– едно купатило со туш-кабина и обезбедени основни средства за лична хигиена;
– слободен пристап до прекрасната rooftop тераса.
Топлите бои на „Елара“ ја прават допадлива уште на прв поглед. Затоа овој апартман брзо ги прима своите резервации уште на почетокот на секоја сезона. Истиот е идеален за повеќедневен престој на две лица, бидејќи нуди целосно опремен привремен дом по цена помала од цената за просечна хотелска соба.

Идеалниот капацитет на апартманот е 2 лица, но при престој од само неколку ноќевања, апартманот може да се резервира и за 3 или 4 лица – при што за спиење се користи и гарнитурата на спуштање во дневната соба.

Апартманот инвертер клима, која брзо и ефикасно го загрева или лади просторот.

Едноставната, но прекрасна SKY Rooftop тераса е отворена за сите гости на апартманите, сосема бесплатно. Од таму Струмица наликува на прекрасна панорамска разгледница. Понесете го вашето утринско кафе со себе и упатете се на последниот кат – таму ве очекува мало место од каде во изгрејсонцето најубаво се ужива.

Повеќе слики од терасата може да пронајдете во нашата галерија.

Дали има понуди со вклучен оброк?

За жал, не. SKY Апартманите се само приватен сместувачки капацитет, во чиј состав нема ресторан. Нашите понуди се однесуваат исклучиво на апартманското сместување.

Како се прави резервација?

За резервации или одговори на вашите дополнителни прашања, достапни сме на телефонскиот број: 00389(0)78/605-839 (Viber/WhatsApp), како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram. На пораките од нашите гости се трудиме да одговараме час побрзо, испраќајки конкретни понуди со апартманите кои се слободни на посакуваните датуми.

Со што се опремени апартманите?

Апартманите се опремени со сетови од пешкири за секој гостин, како и постелнина, средства за лична хигиена и слично. Дополнително, во секој апартман има кафе и чај, а во апартманите со целосно опремени кујни има и масло за готвење, оцет, сол, пипер и други основни состојки за готвење.

Дали е потребен депозит за резервацијата?

Најчесто резервациите ги правиме без депозит. Но, во екот на летната сезона или за време на празници и актуелни датуми во градот, го запазуваме правото да ги осигураме направените резервации со претходно уплатен депозит.

Дали има лифт?

За жал, не. Гостите кои имаат проблем со искачување на поголем број на скалила, препорачуваме да ги земат предвид само апартманите на првиот кат.

Детали за апартманот

  • Идеален за: 2
  • Големина на апартманот: 50 m²
  • Кревет: 1 брачен; 1 гарнитура
  • Тип на апартман
/ По ноќевање

Апартмани и Студија

Делукс апартман со приватно џакузи
2
1 брачен
60
Делукс апартман со прекрасен балкон со панорамски поглед кон градот
2
1 брачен
35
Идеално сместување за вашето романтично патување во Струмица
2
1 брачен
30
Горенаведената цена е за 2 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 4-6 гости
4
4единечни; 1гарнитура
60
Горенаведената цена е за 2 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-5 гости
4
2 брачни; 1 гарнитура
60
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-4 гости
2
1 брачен; 1 гарнитура
50
Горенаведената цена е за 3 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-4 гости
2
2 поединечни; 1 гарнитура
45
Идеално сместување за вашето романтично патување во Струмица
2
1 брачен
30
Горенаведената цена е за 2 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-5 гости
3
1брачен; 1единечен
60
Горенаведената цена е за 2 ноќевања (минимален престој) Капацитет: 2-5 гости
3
1брачен; 1поединечен;
60