Драги гости, на секои 3 денови престој имате право да побарате замена на користените пешкири со нови, како за сетовите за лична хигиена, така и за кујнските.
Се што треба да направите е да ги ставите пешкирите во кеса и да ни напишете една порака дека ви е потребна замена. Ние ќе се погрижиме за нив, а вам ќе ви обезбедиме чисти во најбрзо време, без никаква доплата.
Оштетените пешкири од изгореница, масло, шминка и слични тврдокорни дамки, ќе бидат наплатени во согласност со следниов ценовник:
- кујнска крпа – 80 денари;
- пешкир за лице – 500 денари;
- пешкир за тело – 800 денари;
- пешкир за нозе – 400 денари;
- бањарка – 2000 денари.
На ваше барање, а на секои 7 денови престој, може да се направи и замена на постелнината. Постапката е иста како погоре наведената: вие ќе ни ја предадете користената постела, а ние ќе ви обезбедиме нова. Услугата е бесплатна.
Оштетената постела ќе биде наплатена во согласност со следниов ценовник:
- навлака за перница – 500 денари;
- единечна навлака за јорган – 1000 денари;
- дупла навлака за јорган – 1800 денари;
- чаршав со ластик – 500 денари;
- чаршав без ластик – 400 денари;
- единечна прекривка за заштита на душек – 800 денари;
- дупла прекривка за заштита на душек – 1000 денари;
- единечна фротирка – 1000 денари;
- дупла фротирка – 1500 денари;
- волнено единечно ќебе – 900 денари;
- микрофибер единечно ќебе – 900 денари;
- микрофибер дупло ќебе – 2000 денари;
- декоративни перници – 500 денари;
- детска постелнина – 1000 денари;
Вашата грижа за „нашето“ ко за свое, претставува највисока форма на култура и почит кон куќата ♥ Од срце ви благодариме!
Замената на пешкирите и постелата може да се направи и во склоп на услугата за чистење на апартманот, за која повеќе информации може да пронајдете ОВДЕ.