
Драги гости, доколку ви е потребна помош околу грижата за хигиената во апартманот за време на вашиот престој, таквата услуга може да ја резервирате по симболична цена од 400 денари,
а истата вклучува:
- промена на постелнината;
- замена на употребените пешкири со нови;
- чистење на бањата;
- фрлање на ѓубрето од кантите за одпадоци;
- бришење на наталожена прашина;
- пресмукување и џогирање на подот во секоја соба.
Чистењето на апартманот од наша страна не вклучува:
- миење на бројни нечисти садови во кујната;
- подредување на алишта или лични работи на гостите.
КАКО ОДИ ПРОЦЕСОТ?
- Напишете ни порака или јавете ни дека сакате вашиот апартман да биде исчистен. Ние ќе ве известиме кога најрано сме во можност да го направиме тоа, па во согласност со вашиот распоред, ќе се договориме за точно време кое на сите им одговара.
- Пред да го напуштите апартманот задолжително понесете ги со себе сите вредни и важни работи (новчаник со пари, накит и слично).
- Исто така, пожелно е (но не мора) алиштата или другите лични работи да ги ставите во плакар, за да ви бидат заштитени од прашината која би се створила при чистењето.
- Доколку има само неколку садови са миење во кујната, не грижете се.
- Доколку парите за плаќањето на услугата одлучите да ги оставите внатре во апартманот, нагласете дека тоа се пари за таа намена.
- Клучот од апартманот слободно понесете го со себе.
Процесот на средување на целиот апартман (зависно од неговата големина) во просек трае 1 до 2 часа.