Во случај на настаната штета, ги повикуваме гостите слободно и најпријателски да разговараат со нас. Ви се скршила една чаша – ништо страшно! Известете не за да ја замениме по вашето заминување – и готово. Такви ситуации можат секому да му се случат. Нашата цел не е да наплатиме пенал – туку да го заштитиме инвентарот од кражби (кои верувајте не се реткост) и штети кои се нанесени со намера или со очигледна негрижа од страна на поединци.
Во 99% од случаите кога гостите отворено ни се обратиле за настанати штети, пеналите биле нула (или толку симболични што гостите своеволно доплатувале од некаква своја грижа на совест или од благодарност за добиеното разбирање).

ЛИСТА НА ЦЕНИ ЗА НАСТАНАТИ ШТЕТИ И КРАЖБИ:

  • кујнска крпа – 80 денари;
  • пешкир за лице – 500 денари;
  • пешкир за тело – 800 денари;
  • пешкир за нозе – 400 денари;
  • бањарка – 2000 денари
  • навлака за перница – 500 денари;
  • единечна навлака за јорган – 1000 денари;
  • дупла навлака за јорган – 1800 денари;
  • чаршав со ластик – 500 денари;
  • чаршав без ластик – 400 денари;
  • единечна прекривка за заштита на душек – 800 денари;
  • дупла прекривка за заштита на душек – 1000 денари;
  • единечна фротирка – 1000 денари;
  • дупла фротирка – 1500 денари;
  • волнено единечно ќебе – 900 денари;
  • микрофибер единечно ќебе – 900 денари;
  • микрофибер дупло ќебе – 2000 денари;
  • декоративни перници – 500 денари;
  • детска постелнина – 1000 денари;
  • проширувач на WiFi сигнал – 2000 денари;
  • рутер – 6000 денари;
  • продолжен кабел – 1000 денари;
  • ноќна ламба – 1500 денари;
  • столна ламба – 4000 денари;
  • чаша за вино – 80 денари;
  • шолја за топол напиток – 60 денари;
  • мала чинија – 100 денари;
  • голема чинија – 200 денари;
  • нож – 200 денари;
  • прибор за јадење – 50 денари;
  • даска за сецкање – 500 денари;
  • тегла за шеќер/кафе/чај – 100 денари;
  • стаклено шише за масло/оцет – 100 денари;
  • садови за сол и бибер – 300 денари;
  • отварач за вино – 200 денари;
  • миса за вода – 200 денари;
  • тава – 1000 денари;
  • тенџере – 1000 денари;
  • сад со пластично капаче (апартман Естела) – 200 денари;
  • послужавник – 500 денари;
  • останати кујнски помагала – 800 денари;
  • сад за мраз – 2000 денари;
  • стаклена вазна – 300 денари;
  • керамичка вазна (апартман Орион) – 1000 денари;
  • декоративна маска (апартман Галаксија) – 2000 денари;
  • декоративна гитара (апартман Галаксија) – 4000 денари;
  • часовник (апартман Галаксија) – 1000 денари;
  • декоративни шишиња – 500 денари;
  • книга (било која) – 800 денари;
  • свеќник – 600 денари;
  • слики/рамки – 1000 денари;
  • метла со лопатка – 500 денари;
  • џогер – 600 денари;
  • правосмукалка – 4000 денари;
  • фен за коса – 1000 денари;
  • електричен бокал за вода – 1200 денари;
  • тостер – 1000 денари;
  • блендер – 3000 денари;
  • диспанзер за течен сапун – 200 денари;
  • држач за четки за заби – 200 денари;
  • мала пластична канта за губре – 500 денари;
  • голема пластична канта за губре – 700 денари;
  • метална канта за губре – 1000 денари;
  • пластична корпа за алишта – 300 денари;
  • преносен звучник – 3000 денари;
  • запалка за свеќи – 300 денари;
  • папучи – 500 денари;
  • гостите се согласни пеналите за настанатите штети на мебелот,техниката и крупниот инвентар во апартманите да ги платат според проценката на домаќините.

Сите делови од инвентарот кои нема да бидат пронајдени во апартманот по заминувањето на гостите, а за кои не е добиено претходно известување, ќе се сметаат за украдени.