За Апартманите
SKY Апартманите се гостинска куќа составена од неколку целосно опремени трособни, двособни и студио апартмани. Апартманите се идеални за семеен престој на семејства со деца кои ја преферираат поголемата слобода, комфорот и приватноста на апартманското сместување. Но, заради атрактивноста на локацијата, близу до центарот на градот, апартманите исто така се одличен избор за сместување при романтични посети на ѕвездениот град или организирани патувања на група пријатели.
Различни апартмани располагаат со различен распоред на собите и аранжман на креветите за спиење, па така, зависно од потребата на гостите, резервација може да се направи за апартман со еден брачен кревет, два или повеќе поединечни, како и со комбинација од брачен плус поединечен кревет – идеални за трочлени семејства.
Отворајќи ги своите врати за првпат на 22 јуни 2018 година, апартманите во сите четири сезони на годината, топло дочекуваат и поздравуваат задоволни гости, а неоспорлив и објективен доказ за тоа се високите оценки и стотиците позитивни коментари оставени на платформите како што се Booking.com и Airbnb, но и на јавните профили на Facebook, Instagram и Google Maps. Дел од коментарите на гостите може да прочитате тука.

Името на брендот е инспирирано од прекрасниот поглед од Rooftop терасата. Од таму лесно е да се верува дека и зад најтемните облаци, небото секогаш е сино.

Дополнително, сите апартмани имаат свое сопствено име добиено според месечнни, ѕвезди, комети и слични делови од соларниот систем.
SKY Делукс сегментот е составен од два посебни студио апартмани: Делукс Галаксија апартманот и Супериор Космос Апартманот со џакузи.
За Домаќините
Домаќините на апартманите или лицата кои најчесто ќе ги сретнете во ходниците, ќе ги слушнете на телефоните или со кои ќе разменувате пораки при правење резервација на социјалните мрежи се брат и сестра – родени и израснати во Струмица. Тие со голема помош на другите членови од семејството и пријателите имаат мисија секој гостин на Струмица да замине со позитивен впечаток и топла препорака за гостопримството на градот. За таа цел, тие секогаш имаат подготвени препораки, совети и идеи за каде да отидете, што да дегустирате и како да ја доживеете Струмица на најдобриот можен начин.
"Ако не даваш се од себе за задоволството на гостите, клиентите, купувачите... тогаш во што всушност се состои твојата работа?". - Мануела
"Нашите врати се секогаш отворени за добронамерните посетители од целиот свет... Исто како и нашите срца". - Тане

Еден од првите гости на Sky Апартманите, фотографиран додека ужива во залезот на сонцето од терасата на апартманот Астраион. Тој, во името на сите идни гости, даде зелено светло за отварање на вратите на апартманите за светот. Ти благодариме Петар!

Најубавото “уфрлување” во кадар од овој млад џентлмен, додека домаќините на апартманите позираат завршувајќи го последниот детал од проектот, пред отварање на апартманите – прицврстување на бројот 6, на вратата на шестиот апартман Астраион.
За Соседството
Локацијата на апартманите е во срцето на градот Струмица. Соседството е доволно близу за да може со само 7 минути пешачење да стигнете до главното гратско шеталиште “Струмичкото Корзо” и трговскиот центар “Глобал”, а истовремено и доволно оддалечено за да биде мирно и без премногу сообраќај.
Улицата “Ѓуро Ѓаковиќ” ќе ја распознаете по убавата Католичка црква, мирисот на липите и директниот поглед код ридот на Царевите кули. А, околу апартманите, со мала прошетка од само минута или две, ќе најдете неколку мали и поголеми маркети, ресторани, кафичи, бутици, козметички и фризерски студија, модни ателјеа, оптики и слично. Старата струмичка чаршија која е една од најживите улици во градот е само три соседни куќи подолу од апартманите.